Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2017

Покетино: Попопуларни сме од Челзи и од Арсенал

Многу години клубот од „Вајт харт лејн“ заостануваше зад најголемите англиски клубови, но од доаѓањето на Покетино ситуацијате се менува.

„Би сакал овде да останам што подолго, ова е клуб со историја, најпопуларен клуб во Лондон, повеќе и од Челзи и од Арсенал. Навистина уживам овде“, изјави Аргентинецот.
„Тотенхем е историски клуб на исто ниво со Манчестер јунајтед и Ливерпул. Го враќаме тој победнички менталитет, не смееме да се чувствуваме инфериорни во однос на останатите без обзир што можеби се поталентирани од нас“, додаде Покетино.
Тоа што секогаш ги раздвојува се финансиските средства кои гигантите ги вложуваат, а Тотенхем и понатаму заостанува во тој сегмент, но поради тоа ги привлекува фудбалските навивачи кои се противат на влезот на крупниот капитал во фудбалот.
„Вистина е дека големата петорка вложува два или три пати повеќе пари од нас, тие имаат друга филозофија и структура на работа од нас. Но тоа е голем предизвик и убавината на овој проект. Пред три години кога почнав идејата беше да ја намалиме разликата во квалитетот меѓу нас и водечката четворка. Кога ќе ги анализираме претходните две сезони гледаме дека сме ги надминале нашите планови. Мојот тим освои повеќе бодови од кој било друг клуб“, заклучи аргентинскиот стручњак.
Тотенхем има 71 бод, четири помалку од водечкиот Челзи со кого денес игра во полуфиналето на ФА Купот, а во следното 33-то коло од Премиер лигата му гостува на Кристал Палас.

Најнови вести