Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2017

Ибрахимовиќ – враќање во јануари или крај на кариерата?

Според последните прогнози напаѓачот на Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, нема да се врати на терените пред јануари следната година.

Тешкото оштетување на лигаментите на десното колено би можело да значи и крај на кариерата на триесет и петгодишниот напаѓач.
Швеѓанецот ги скина предниот и задниот вкрстен лигамент на десното колено при лош доскок при еден прием на топка на натпреварот против Андерлехт во четвртокот.
Ибрахимовиќ веќе има 35 години, а во јануари веќе се играат елиминациските фази во европските натпреварувања и вториот дел од сезоната во англиската Премиер лига, па неизвесно е дали напаѓачот и следната сезона ќе ја задржи деветката на Манчестер јунајтед.
Јунајтед може со него да го продолжи договорот на уште една година, но англиските медиуми шпекулираат дека клубот нема да ја искористи опцијата после тешката повреда.
Тоа би значело можен крај на кариерата за напаѓачот кој за „црвените ѓаволи“ сезонава постигна 28 голови во сите натпреварувања.
Ибрахимовиќ по повредата го замени Антони Марсија, а дваесетина минути после центарфорот потешко се повреди и неговиот соиграч Маркус Рохо.
Шведскиот интернационалец дојде од ПСЖ минатото лето, а договорот му истекува на крајот на сезоната.

Најнови вести