Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2017

Ибра: ќе се вратам уште посилен, откажувањето не е опција!

Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Манчестер јунајтед, испрати порака до неговите фанови и јасно им порача дека нема намера да ја заврши кариерата и покрај тешката повреда на коленото.

Некои англиски медиуми шпекулираа дека поради пукањето на предните вкрстени лигаменти, кариерата е завршена за 35-годишниот Швеѓанец.
„Пред сè, ви благодарам за поддршката и љубовта. Не е вест дека сум се повредил и привремено сум се повлекол од фудбалот. Јас ќе поминам низ сето ова, како и сите останати, и ќе се вратам уште посилен. Само јас можам да одлучам кога е време да се откажам и никој друг. Откажувањето не е опција. Се гледаме наскоро“, изјави Ибрахимовиќ на „Инстаграм“.
Фудбалерот на „црвените ѓаволи“ се повреди во реванш-натпреварот од четврт-финалето на Лигата на Европа против Андерлехт, а надвор од теренот ќе помине меѓу седум и девет месеци.
Оваа сезона во Премиер лигата постигна 17 голови, односно вкупно 28 во сите натпреварувања.

 

Најнови вести