Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2017

Мончи и официјално спортски директор на Рома

Рамон Родригес Мончи вчера официјално е претставен како нов спортски директор на Рома.

Шпанецот, кој претходните 17 години ги помина во Севилја, со италијанскиот клуб потпишал договор на четири сезони, со можност за продолжување на пет.
Мончи е човекот кој со одличното работење на Севилја ѝ овозможи да освои пет трофеи во Лигата на Европа и да влезе во самиот врв на шпанскиот фудбал.
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Рома, Џејмс Палота и на сите членови на управата што ми ја пружија оваа можност“, изјави Мончи.
„Ова е возбудлив проект и се радувам што ќе им бидам на услуга на навивачите, на управата и на играчите на овој голем клуб“, додаде новиот функционер на Рома.

Најнови вести