Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2017

Интер го мами Симеоне со 55 милиони евра

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, добил понуда од Интер вредна 55 милиони евра од летово да потпише петгодишен договор, пренесува „Газета дело спорт“.

Челниците на клубот од „Џузепе Меаца“ доколку добијат одречен одговор, нема лесно да кренат раце од Аргентинецот, кој го носеше дресот на „нераѕурите“ како фудбалер, туку ќе побараат самиот да ја одреди цената за трансфер.
На Симеоне договорот со Атлетико Мадрид му истекува летото 2018 година, но често пати тој изјавуваше дека еден ден би сакал да го преземе Интер.
Богатите кинески сопственици немаат многу трпение и на Симеоне му дале рок од 20 дена да се изјасни дали сега е моментот да го напушти Атлетико по шесте години поминати во тој клуб.
Како резервна опција на Интер се споменуваат Антонио Конте, менаџерот на Челзи, и Лучијано Спалети, тренерот на Рома.

Најнови вести