Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2017

Крај на сагата: Иско останува во Реал во следните пет години

Ниту во Барселона, ниту во Јувентус, ниту во Премиер лигата. Иско, играчот за врска на Реал Мадрид, ќе потпише нов, петгодишен договор со клубот, според кој до 2022 година ќе заработува шест милиони евра годишно, пренесува шпанската „Марка“.

На Иско сегашниот договор му истекува летото 2018 година, а новиот, којшто за играчот за врска го издејствува неговиот татко Пако Аларкон во преговорите со челниците на Реал, на 24-годишниот играч ќе му донесе двојно поголема плата, што ќе го смести во најтесниот круг на најплатени во клубот.
Пред Иско, според примањата ќе бидат само најголемите ѕвезди на тимот: Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Карим Бензема, Лука Модриќ, Тони Крос и капитенот Серхио Рамос.
На тој начин заврши приказната околу продолжувањето на кариерата на креативниот играч за врска, за кого се споменуваше дури дека ќе направи сензационален трансфер и од ова лето ќе го облече дресот на најголемиот ривал Барселона.
Иско оваа сезона за кралскиот клуб одигра 35 натпревари, но повеќето ги почнуваше од клупата, и постигна девет голови и имаше шест асистенции.

Најнови вести