Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2017

Конте: Поминавме голем психолошки тест

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, по триумфот над Сандерленд со резултат 4-2, изјави дека за неговиот тим било исклучително важно да се врати по двата пораза на последните четири натпревари во Премиер лигата.

„Сините“ по 25-тата победа во Лигата, над Саутхемптон со 4-1, имаат седум бодови повеќе од Тотенхем на второто место, кој вечерва од 21 часот гостува кај Кристал палас.
„Поминавме голем тест, голем психолошки тест по поразот од Манчестер јунајтед. Изгубивме три бода, потоа моравме да се подготвиме за полуфиналето на ФА купот со Тотенхем, веднаш потоа нè чекаше овој тежок натпревар. Ментално имавме многу важен тест и одлично одговоривме на него. Мораме да бидеме задоволни“, изјави Конте.
Еден Азар, еден од најдобрите играчи на Челзи, изјави дека е задоволен што Челзи добил шанса натпреварот од 33-тото коло од Премиер лигата да го одигра пред Тотенхем.
„Секогаш е подобро кога играме порано и така ги ставаме под притисок“, изјави Азар.
Наредниот натпревар фудбалерите на Челзи го играат во недела, кога гостуваат кај Евертон.

Најнови вести