Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2017

На „кнезовите“ им падна круната, ПСЖ го декласира Монако за финалето на Купот

Фудбалерите на Монако по сензацијата во Лигата на шампионите и во првенството на Франција, делуваа како недопирливи, но по втор пат овој месец „светците“ им удираат сериозна шлаканица на „кнезовите“.

Противник на Анже во финалето на Купот на Франција ќе му биде ПСЖ. „Светците“ во полуфиналето брутално ја декласираа екипата на Монако со резултат 5-0.
Иако „кнезовите“ играа во комбиниран состав, сепак поразот од „светците“ изгледа многу убедливо. Ова беше втор пат во април избраниците на Унаи Емери лесно да излезат на крај со Монако. Прв пат тоа го направија неодамна, во финалето на Лига купот (4-1).
Головите за ПСЖ овој пат ги постигнаа Дракслер, Кавани, Матуиди и Маркињос, а мрежата на неговиот тим ја погоди Мбапе.

Најнови вести