Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2017

Рома без Де Роси во дербито со Лацио

Дерби дела Капитале се игра во недела, сите го исчекуваат дуелот меѓу двата тима од Рим, престолнината на Италија, а „волчицата“ има мали проблеми пред овој натпревар.

Даниеле де Роси не го играше претходниот натпревар во понеделникот против Пескара поради повреда, а оттогаш одделно тренира со екипата и е под голем знак прашалник дали ќе биде подготвен за големиот дуел.
Со неговото искуство би можело многу да ѝ помогне на екипата на Лучијано Спалети, но според првите прогнози, тоа најверојатно нема да се случи.
Она што е сигурно е тоа дека Спалети ќе игра со неговата формација 4-3-3, а замена за Де Роси најверојатно ќе биде Паредес.

 

Најнови вести