Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2017

Мурињо: Малку е црвениот картон, Аргентинецот е многу паметен

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека не играл толку офанзивно во градското дерби со Сити поради бројните отсутни играчи (Ибрахимовиќ, Погба, Мата).

„Сакавме да направиме повеќе во нападот, да бидеме поактивни во контранападите... Во првото полувреме имавме добра контрола, но во второто стана потешко бидејќи тие во продолжението заиграа посилно и во некои периоди не успевавме добро да ја движиме топката. Ветив дека нема да зборувам за играчите на коишто не можевме да сметаме, но ни недостасуваше малку квалитет кој редот за врска би го поврзал со нападот“, изјави португалскиот стручњак.
Натпреварот го обележа и исклучувањето на Маруан Фелаини во 84-тата минута.
„Сè уште не сум ја погледнал снимката, но разговарав со Маруан и тој е разочаран бидејќи мисли дека црвен картон добил само поради тоа што е Маруан Фелаини. Разговарав со судијата (Мартин Еткинсон) и тој вели дека според неговото мислење тоа е црвен. Не гледав, но претпоставувам дека малку бил црвен, но дека малку имал и влијание паметниот и многу искусен аргентински играч (Агуеро). Не му е скршен носот, лицето му е убаво како и секогаш, го видов после во тунелот“, додаде менаџерот на Јунајтед.
Јунајтед моментно е во серија од 24 натпревари без пораз во Премиер лигата и е петти со 24 бода, еден помалку од Сити.
„Покажавме упорност, сега особено со десетмина играчи против екипа која сакаше триумф на домашен терен. На клупата немав ниту еден играч за врска. Тимот е во неволја, имаме бројни проблеми, но во дербито покажавме карактер“, изјави Мурињо.
Во следното коло „црвените ѓаволи“ го дочекуваат Свонси во недела, од 13 часот.

Најнови вести