Корисничко име Лозинка Пријави се
29.4.2017

Ловрен останува на „Енфилд роуд“ за сто илјади финти седмично

Хрватскиот дефанзивен играч Дејан Ловрен потпиша нов договор со Ливерпул, па на стадионот „Енфилд“ ќе остане до 2021 година.

Ловрен претходните неколку дена преговараше со челниците на „црвените“, по кои договорил плата во износ од речиси сто илјади фунти седмично.
Договорено е и дека соработката може да биде продолжена на уште една година.
Хрватскиот стопер во Ливерпул стигна во 2014 година од Саутхемптон за 20 милиони фунти со петгодишен договор. Ловрен на „Енфилд роуд“ дојде на барање на поранешниот менаџер Брендан Роџерс, но дури кај Јирген Клоп дојде до константна форма и место во стартната постава.
Ловрен оваа сезона во сите натпреварувања за Ливерпул одигра 29 натпревари, а постигна и два гола. Пред Ливерпул и Саутхемптон, Ловрен играше за Лион, Интер Запрешиќ и Динамо Загреб.

Најнови вести