Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2017

Ибрахимовиќ опериран, се очекува целосно закрепнување

На Златан Ибрахимовиќ успешно му е извршена операција на коленото и се очекува целосно да закрепне. Како што соопшти неговиот агент, Мино Рајола, не се работи за повреда поради која би можело да ја заврши кариерата.

Златан Ибрахимовиќ доживеа повреда на лигаментите на колениот на натпреварот од Лигата на Европа, во којшто Манчестер јунајтед се сретна со Андерлехт, по што имаше многу шпекулации за тоа дека моќниот Швеѓанец на овој начин ќе ја заврши неговата богата кариера.
Иако веднаш се знаеше дека нема да може да игра до крајот на сезоната, на Ибрахимовиќ успешно му е извршена операција во САД и како што може да се протолкува од првите информации, целосно ќе закрепне.
Во соопштението на Рајола се наведува дека Ибрахимовиќ веќе почнал со рехабилитација и дека ќе остане под надзор на лекарскиот тим кој му ја извршил операцијата. Исто така, соопштено е дека играчот, а ни лекарите нема да даваат изјави.

Најнови вести