Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2017

Вардар против Барселона за финале на Лигата на шампионите

Македонскиот шампион ќе игра против Барселона во полуфиналето на ракометната Лига на шампионите во Келн.

На денешната ждрепка за полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите во ракомет Вардар ја доби Барселона.
Кире Лазаров и Борко Ристовски ќе играат против Вардар, кој направи историски успех откако стана прв македонски тим кој стигнал до фајнал фор во машката ракометна Лига на шампиони.
Полуфинале на ракометната Лига на шампиони:
 Веспрем - ПСЖ 
Вардар - Барселона
 Фајнл фор турнирот се игра на трети и четврти јуни во Келн.

Најнови вести