Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2017

Кутињо само полесно повреден

Филипе Кутињо, офанзивниот играч за врска на Ливерпул, изјави дека не е сериозно повреден и дека се надева дека наскоро ќе се врати на теренот.

Ливерпул во вчера го победи Ватфорд со 1-0 и ја продолжи борбата за Лигата на шампионите, а Бразилецот во првиот дел на првото полувреме мораше да излезе од теренот поради повреда на десната нога.
„Ви благодарам за поддршката. Не е ништо сериозно“, изјави Кутињо на социјалните мрежи, под фотографијата со соиграчот Емре Џан, кој постигна убав гол од ножици за победа на „црвените“.
Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, по натпреварот изјави дека мисли дека Кутињо не е посериозно повреден, што на крајот стана вистина.
„Беше болно и не можеше да го продолжи натпреварот. Сите увидоа дека се трудеше, но немаше шанси“, изјави Клоп.
Ливерпул е трет на табелата, а во недела на негов терен ќе игра против Саутхемптон.

Најнови вести