Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2017

На фудбалерот на Евертон му е нарушено психичкото здравје

Арон Ленон, фудбалерот на Евертон, е задржан на Клиниката за психијатриски болести поради загриженост за менталната состојба во која се наоѓа тој.

Триесетгодишниот крилен играч се наоѓа на испитување во болницата по повикот и реакцијата на полицијата.
„Ленон сега е под нега во врска со неговата болест предизвикана од стрес“, стои во соопштението на англискиот клуб.
Веднаш откако беше објавена веста дека е во прашање некогашниот репрезентативец на Англија, почнале да стигнуваат пораки со поддршка од сите страни.
„Полицијата била повикана околу 4.35 часот утрото поради загриженоста за менталното здравје на човек од улицата ‘Еклс Олд Роуд’. Полицајците му пришле на 30-годишниот маж и го привеле врз основа на членот 136 од Законот за ментално здравје и тој е одведен во болница за да биде испитан“, се наведува во соопштението од полицијата.
Некогашниот член на Тотенхем, кој на „Гудисон парк“ стигна во 2015 година, нема играно за првиот тим од февруари.

Најнови вести