Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2017

Роналдо: Не сакам да ме фалат, го работам она што го знам

Кристијано Роналдо уште еднаш го воодушеви светот со хет-трикот во полуфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико од Мадрид.

Реал Мадрид славеше со 3-0, а Роналдо освен 42-от хет-трик во дресот на Кралскиот клуб, го постигна и 400-тиот гол за актуелниот шампион на Европа.
„Многу сум среќен што постигнав три гола, покрај тоа и 400-тиот за мојот клуб, а Атлетико е силен противник и во полуфиналето е со причина, така што мораме да ја задржиме концентрацијата“, изјави Роналдо.
Најдобриот фудбалер на планетата го пофали целиот тим и изјави дека не му требаат никакви признанија бидејќи секогаш се труди да го даде максимумот.
„Секогаш се трудам да го дадам најдоброто од себе и не сакам да ми се воодушевуваат поради тоа. Треба да му се честита на целиот тим бидејќи беа феноменални. Игравме добро од почетокот до крајот и моите голови дојдоа природно“, изјави Португалецот.
Роналдо головите ги постигна во десеттата минута, потоа во 73-тата, а конечниот резултат го постави во 86-тата минута, кога по асистенцијата на Лукас Васкез, по трет пат ја затресе мрежата на голманот Јан Облак.
Бројките не лажат, а тие на Роналдо се сè поимпозантни. Португалецот бројот на голови во Лигата на шампионите вчера го доведе до 103, со што за три погодоци го престигна бројот на оние што фудбалерите на Атлетико ги дадоа од првото учество на „јорганџиите“ во елитното натпреварување.
Покрај тоа, Роналдо е првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал 50 голови во елиминациската фаза на натпреварувањето. Триесет и едногодишниот фудбалер во полуфиналните средби мрежата ја затресе 13 пати, од кои десет за Реал и три за Манчестер јунајтед.
Реванш-натпреварот на програмата е на десетти мај, на стадионот „Висенте Калдерон“.

Најнови вести