Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2017

Коке: Веќе сме го победувале Реал со 4-0

Коке, фудбалерот на Атлетико Мадрид, изјави дека заостанувањето од три гола против Реал Мадрид може да се надополни.

Шпанецот изјави дека неговиот тим во минатото со разлика од четири гола славеше против градскиот ривал.
Коке се присети на победата од 4-0 во шпанската Примера лига пред повеќе од две години, истакнувајќи дека не е невозможна мисијата Атлетико да направи пресврт и да игра во финалето на Лигата на шампионите.
„Никогаш не се знае во фудбалот, веќе еднаш на ‘Висенте Калдерон’ славевме против Реал со 4-0. Никој не смее да нè отпише, сетете се само на ПСЖ. Ќе дадеме сè од себе по втор пат да се пласираме во финалето на Лигата на шампионите во две сезони, ќе се бориме“, изјави Коке по натпреварот.
Неуморниот играч за врска им се извини на навивачите на Атлетико за слабата претстава во поразот од Реал со хет-трикот на Кристијано Роналдо.
„Мораме од навивачите да побараме прошка и уште сега почнуваме да размислуваме за реваншот. Овој пораз не боли толку како тие од Лисабон и од Милан (во финалињата на Лигата на шампионите)“, изјави Коке.

 

Најнови вести