Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2017

Џиџи: Младите играчи на Монако мислат дека се непобедливи

Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, како и секогаш, има максимална почит кон противниците пред натпреварите.

Овој пат Јувентус во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе се сретне со Монако, чиј состав е преполн со млади талентирани играчи.
Буфон кога играше фудбал, ѕвездата во подем Килијан Мбапе не се ни родил, а останатите играчи биле деца во подемот на Џиџи.
„Се сеќавам кога бев млад, и јас ја чувствував таа непобедливост, тоа го имаат и играчите на Монако. Тие се многу смела екипа, сакаат да напаѓаат и тоа го правата одлично“, изјави Буфон.
Сепак, во текот на 180 минути, преискусниот чувар на мрежата на Јувентус изјави дека смета дека искуството ќе игра доста важна улога.
„Имаат млада и полетна екипа, што оди со тие години. А мислам дека во текот на двата натпревари искуството ќе биде на наша страна“, додаде Џиџи.
Претходно, во првиот натпревар од полуфиналето синоќа, Реал Мадрид со 3-0 го совлада градскиот ривал Атлетико.

Најнови вести