Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2017

Крај на една ера: Тоти ја завршува кариерата и станува директор на Рома

Франческо Тоти, легендарниот капитен на Рома, на крајот на сезоната ќе ја заврши играчката кариера и ќе стане еден од директорите на клубот, објави новиот спортски директор на римскиот клуб, Рамон Мончи.

„Договорот меѓу Тоти и клубот е на крајот на сезоната тој да ја заврши кариерата и да почне нова работа. Ако се прашувам, ќе соработуваме многу блиску бидејќи кога би научил и еден отсто од она што го знае тој, тоа е веќе многу“, изјави неодамнешниот спортски директор на Севилја на конференцијата за медиумите во Рим.
Принцот на Рим има 40 години, а дресот на римскиот клуб го облече на тринаесетгодишна возраст и без оглед на многубројните понуди, му остана верен до крајот, што го направи икона на клубот.
За првиот тим дебитираше во 1993 година кај тренерот Вујадин Бошков и досега одигра 783 натпревари и постигна 307 голови.
Освои само една титула во Серија А (2001) и по две титули на Купот и на Суперкупот на Италија.
Со репрезентацијата на Италија беше светски шампион на Мундијалот 2006 година во Германија, а набрзо потоа одлучи да се повлече од националниот тим по 58 одиграни натпревари и девет постигнати погодоци.

Најнови вести