Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2017

Карвахал ја заврши сезоната

Даниел Карвахал најверојатно ја заврши сезоната поради повредата која ја заработи во натпреварот против Атлетико Мадрид.

Дани Карвахал, фудбалерот кој игра на позицијата десен бек во екипата на Реал, не успеа да издржи до крајот на натпреварот против Атлетико Мадрид, го одигра само полувремето во средбата од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Станува збор за повреда на задниот дел на бутниот мускул, му претстои пауза, а тоа е потврдено и на интернет-страницата на Реал Мадрид.
Се претпоставува дека ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната, што ќе биде голем хендикеп за Зинедин Зидан.
Останува да се види дали без него „кралевите“ ќе можат да дојдат до трофеите во Лигата на шампионите и во Примера лигата.

Најнови вести