Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2017

Мбапе: Ни фали искуство, но не пресуди тоа

Килијан Мбапе, младиот напаѓач на Монако, изјави дека признава дека на неговата екипа ѝ фали искуство, но смета дека тоа не било пресудно синоќа.

Монако беше поразен на домашен терен од Јувентуа со 2-0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а Мбапе изјави дека тој и неговите соиграчи не ги искористиле своите шанси.
„Се виде дека ни фали искуство, но пред сè, не бевме прецизни пред нивниот гол. Создадовме многу шанси, но едноставно не ги искористивме. Тие имаа две вистински шанси и дадоа два гола. Ова е големо искуство за нас, ќе ни помогне да напредуваме“, изјави Мбапе.
Бернардо Силва, играчот на Монако, изјави дека верува дека сè уште не е одлучен победникот на овој двобој.
„Не беше лесно да се пронајде простор во нивната одбрана, тие се еден од најдобрите европски тимови. Знаеме дека ќе биде тешко, но ништо не е невозможно“, изјави Силва.
Реваншот се игра наредната недела во Торино, а во другото полуфинале Реал има 3-0 против Атлетико.

Најнови вести