Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2017

Одбиена жалбата, Стротман нема да игра против Милан и против Јувентус

Фудбалскиот сојуз на Италија вчера ја одби жалбата на Рома, па нејзиниот играч Кевин Стротман ќе мора да пропушти два натпревари поради суспензија.

Кевин Стротман е казнет поради симулирање на средбата со Лацио минатиот викенд, во која Рома беше поразена со 3-1.
Рома погодокот на тој натпревар го постигна од пенал, кој беше досуден по непостоечкиот прекршок на Валас над Стротман.
Телевизиската снимка откри дека Валас не го ни допрел Стротман кога холандскиот фудбалер за врска паднал во казнениот простор на Лацио, а Холанѓанецот беше суспендиран дополнително по натпреварот.
Стротман ќе пропушти важни натпревари во италијанското првенство, против Милан и против Јувентус.
Натпреварот во недела меѓу Милан и Рома може да го одлучи шампионатот ако изгуби клубот од престолнината на Италија, а Јувентус утре избегне пораз на неговиот стадион против градскиот ривал Торино.

 

Најнови вести