06.5.2017 Тотенхем ја прокоцка шансата, Челзи пред титулата
Фудбалерите на Тотенхем беа поразени во гости од Вест хем со 0-1 во 35-тото коло на Премиер лигата и со тоа го изгубија чекорот во шампионската титула со Челзи.
Тотенхем со триумф можеше да дојде само на еден бод помалку од Челзи, кој неговиот натпревар го игра во понеделник против Мидлсборо, но екипата на Маурисио Покетино не успеа да дојде до триумф против градскиот ривал.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Мануел Ланчини во 65-тата минута. Тој ја искористи збрката во казнениот простор на Тотенхем по додавањето на Андре Ају од десната страна и ја испрати топката во мрежата на Уго Љорис.
Челзи во понеделник има шанса да стекне предност од шест бода и со тоа на три кола пред крајот практично да ја обезбеди титулата во Премиер лигата.
Тотенхем е втор со 77 бодови, Челзи има четири повеќе, додека Вест хем деветти со 42.