Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2017

Вардарки со сребро се враќаат од Фајнал фор

Вардар одигра тежок и неизвесен натпревар, кој беше решен по продолженијата, по кои беше поразен од Ѓер со 31-30, со што ја испушти шансата да ја освои Лигата на шампионите.

Ракометарките на Вардар одиграа одличен и храбар натпревар и беа блиску до шампионската круна, но на крајот не успеаја и Ѓер стана новиот шампион во женската ракометна Лига на шампиони.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а Ѓер водеше во најголемиот дел од средбата. На почетокот до резултатот 10-10 се играше гол за гол, потоа следуваше пад на Вардар и полувремето го заврши со три погодоци помалку од домашната екипа, 15-12.
Во вториот дел одбраната на Вардар играше многу подобро, па во финишот на натпреварот Вардарки дојдоа до изедначување, а потоа имаа напад за победа, но не успеаја да го реализираат и натпреварот во регуларниот тек заврши 26-26.
Во продолженијата Ѓер направи предност од три гола, но Вардар ја намали разликата на еден погодок, потоа имаше шанса и за изедначување, но не успеа да ја искористи. На крајот натпреварот заврши со резултат 31-30 за Ѓер.
Во екипата на Вардар најефикасни беа Алткаус и Лакрабер со по шест постигнати гола, а Радичевиќ, Пенезиќ и Лекиќ дадоа по четири. Во составот на Ѓер најефикасна беше Горбиц, која реализира седум гола.
Ракометарките на Вардар иако не успеаја да ја освојат шампионската титула, сепак одиграа одлично, максимално се бореа и дадоа сè од себе, па затоа заслужуваат многу честитки.

 

Најнови вести