Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2017

Уште една награда за најдобар фудбалер за Канте

Н’голо Канте, фудбалерот на Челзи, денес е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во оваа сезона во изборот на Здружението на фудбалските новинари на Англија.

Канте неодамна беше прогласен за најдобар фудбалер на годината во Премиер лигата во изборот на колегите-професионалци.
Францускиот репрезентативец минатата година дојде од Лестер и е незаменлив во тимот на Челзи, кој се наоѓа на две победи од освојувањето на шампионската титула. Исто така, Челзи се пласира и во финалето на ФА купот, во кое ќе игра против Арсенал на 27-ми мај, на лондонскиот „Вембли“.
Второто место во изборот на фудбалските новинари го освои Еден Азар од Челзи, додека трет е Деле Али од Тотенхем.
„Голема чест е да се освои оваа награда. Покрај толку одлични играчи во екипата на Челзи и во Премиер лигата, многу сум горд што Здружението на англиските фудбалски новинари ме прогласи за најдобар“, изјави Канте.

Најнови вести