Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2017

Михајловиќ пред казна – нема да го води Торино до крајот на сезоната

Синиша Михајловиќ, тренерот на Торино, го очекува голема казна поради испадот во градското дерби против Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.

Српскиот стратег по ремито на неговата екипа (1-1), влезе во судир со Џанлука Вијали, поранешниот играч на Јувентус, а пред тоа се скара и со судијата.
Аква доби втор жолт картон и сегашниот коментатор на телевизија „Скај“ изјави дека одлуката на судијата е исправна.
„Пред неколку години, посебно во Англија, тоа дури не би ни било фаул, а камоли жолт картон. Но, правилата се променија, не можете веќе така да стартувате, така што картонот е оправдан“, изјави Вијали.
Михајловиќ не можејќи да се воздржи, го нападна Вијали.
„Вијали вели дека тоа е фаул, за мене тоа е богохулење. Аква стартуваше чисто и ти би требало да бидеш пристрасен, а единствено само ти рече дека одлуката е исправна. Ти недостасуваат очила бидејќи не си праведен при коментирањето“, додаде Михајловиќ.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Михајловиќ го очекува суспензија од најмалку три натпревари, а тоа значи дека Србинот нема да биде на клупата на Торино до крајот на сезоната.

Најнови вести