Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2017

Реал го прекрши договорот, Ернандес од Атлетико на „Сантијаго Бернабеу“

Тео Ернандес, фудбалерот на Атлетико Мадрид, успешно ги помина лекарските прегледи и од налето би требало да стане член на Реал, пренесоа шпанските медиуми.

Како што се наведува, Реал ја активирал откупната клаузула во договорот од 24 милиони евра за францускиот лев бек, кој оваа сезона игра на заем во Алавес.
Тој потег значи дека Реал го прекршил пактот меѓу двата клуба, коишто наводно имале договор да не си земаат меѓусебно играчи.
Лукас, братот на Ернандес, неодамна потпиша нов повеќегодишен договор со Атлетико, а за него наводно е заинтересирана Барселона.
Според пишувањата на медиумите, Реал е блиску да го заврши и трансферот на 16-годишниот Винисиус Жуниор од Фламенго.
Реал, наводно, за тој трансфер ќе плати 45 милиони евра.
Кадетскиот репрезентативец на Бразил сакал да направи трансфер во Барселона и да му се придружи на сонародникот Нејмар, но, како што се наведува, каталонскиот клуб понудил само 25 милиони евра.
Винисиус во Реал би требало да стигне летото 2018 година, кога ќе наполни 18 години.

Најнови вести