Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2017

Пепе се сели во Париз?

Најверојатно нема ништо од трансферот во Кина. Фудбалерот Пепе по десет години ќе го напушти Реал Мадрид, а медиумите веќе некое време шпекулираат каде би можело да ја продолжи кариерата.

Португалските медиуми пишуваат дека стоперот е во преговори со ПСЖ.
Пепе оваа сезона падна во втор план, па во договор со управата одлучи дека е најдобро да не ја продолжи соработката со клубот, туку како слободен играч во јуни да го напушти Реал.
Претходно за него интерес покажаа неколку кинески клубови, но секако дека понудата на ПСЖ е многу поатрактивна.

Најнови вести