Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2017

Конте: Сакаме во петок да го решиме прашањето за титулата

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, по победата над Мидлсборо, изјави дека неговите играчи покажале зошто треба да бидат шампиони на Премиер лигата.

„Моите играчи со играта во овој натпревар покажаа дека се најдобри и дека поради тоа треба да ја освојат шампионската титула на Англија“, изјави 47-годишниот Италијанец.
„Пред нас е уште еден важен чекор кон освојување на титулата, а тоа е натпреварот со Вест Бромич. Знаеме дека тие ќе сакаат да играат добро против нас. Меѓутоа, ние знаеме дека мораме добро да се подготвиме за тој натпревар за да ја оствариме посакуваната победа и практично уште во петок да ја освоиме титулата“, додаде менаџерот на „сините“.
Челзи е лидер на табелата на Премиер лигата со 84 бода, потоа следува Тотенхем, кој има 77 бодови, а во недела игра натпревар со Манчестер јунајтед.

Најнови вести