Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2017

Интер го отпушти тренерот на три кола пред крајот!

Стефано Пиоли доби отказ од местото тренер на Интер на три кола пред крајот на Серија А.

„Нераѕурите“ имаат девет бодови помалку од местото кое води во Лигата на Европа, па одлучија пред крајот на сезоната да го сменат тренерот.
Пиоли дојде на „Џузепе Меаца“ во ноември минатата година, но тимот освои само два бода во последните десет кола, а беше поразен во претходните три.
Екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи Стефано Веки, тренерот на младиот тим, а деби ќе има против Сасуоло наредниот викенд на домашен терен.
Како нов тренер на „нераѕурите“ претходните седмици се најавуваше Лучијано Спалети, кој на крајот на сезоната ќе ја напушти Рома.
Кандидати се уште Диего Пабло Симеоне и Антонио Конте, но шансите за тоа се минимални, со оглед на тоа дека Интер нема да игра во Европа.

Најнови вести