Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2017

Мбапе ја прекина низата, само Арсенал пред Јувентус

Монако во Јувентус го направи речиси невозможното – постигна гол против Јувентус, но изгуби со 2-1 и остана без финалето на Лигата на шампионите.

Со тој погодок беше прекината низата без примен гол на Јувентус и на голманот Џанлуиџи Буфон која траеше дури 689 минути.
„Старата дама“ со тоа се проби на второто место во вечната листа на најсилното европско натпреварување по бројот на минути во кои не се затресла нејзината мрежа.
Рекордер и понатаму е Арсенал, кој од 29-ти септември 2005 година до 17-ти мај 2006 не прими погодок, што е вкупно 995 минути. Неверојатната низа на „топчиите“ ја прекина Барселона во финалето, со победата од 2-1, а стрелец на голот кој ја сруши гранитната одбрана беше Самуел Ето во 76-тата минута.
Што се однесува до Јувентус, последниот погодок пред оној што го постигна Килијан Мбапе, го прими на 22-ри ноември, во средбата од петтото коло на групата Х со Севилја. Иако Нико Пареха на стартот на натпреварот го совлада Буфон, екипата на Масимилијано Алегри успеа да направи пресврт и да слави со резултат 3-1.
Во шестото коло од групната фаза Јувентус го доби Динамо Загреб со 2-0, во осминафиналето два пати славеше против Порто (2-0, 1-0), а во четврт-финалето ја елиминира Барселона (3-0, 0-0). Потоа следуваше триумфот во Кнежеството со 2-0, пред Мбапе конечно да успее да ја смести топката зад Буфон.

Лига на шампиони – серии без примен гол:
995 минути: Арсенал (27.9.2005 – 17.5.2006)
689 минути: Јувентус (22.11.2016 – 9.5.2017)
686 минути: Челзи (3.10.2007 – 2.4.2008)
658 минути: Ајакс (27.9.1995 – 3.4.1996)
623 минути: Милан (2.11.2004 – 4.5.2005)

Најнови вести