Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2017

Џеко ќе го пропушти Јувентус, неизвесен и Најнголан

Рома би можела да биде осетно ослабена во претстојниот викенд за дербито од Серија А против лидерот Јувентус.

Поради повреда на листот на ногата, натпреварот сигурно ќе го пропушти најдобриот стрелец на тимот Един Џеко, а поради истиот проблем неизвесен е Раџа Најнголан.
Додека напаѓачот од Босна и Херцеговина го очекува десетдневна пауза, Белгиецот е во малку подобра ситуација, но не е сигурно дали ќе може да настапи.
Иако е тешко да се очекува дека Рома ќе може да го надополни заостанувањето од седум бода зад Јувентус, дури и во случај да победи, натпреварот со „старата дама “ ѝ е важен во борбата за второто место, кое води директно во Лигата на шампионите.
Кикс на „волчицата“ чека Наполи, кој има само бод помалку на третата позиција.
Што се однесува до Џеко, нему оваа пауза ќе му ја загрози борбата за најдобар стрелец на Калчо лигата (27 голови), бидејќи Андреа Белоти од Торино ќе добие шанса да го надополни заостанувањето од два погодока.

 

Најнови вести