Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2017

Марез го напушта Лестер, ќе оди во Арсенал или во Тотенхем

Ријад Марез, фудбалерот на Лестер, ги известил челниците на клубот дека ова лето сака да оди во еден од двата лондонски клуба – Тотенхем или Арсенал.

Марез се повикал на договорот со клубот од минатата сезона, кога вети дека ќе остане уште една година, но не повеќе од тоа, пишува „Дејли Телеграф“.
Алжирецот не сакаше да си оди по сензационалното освојување на титулата на Премиер лигата, и тогаш го сакаше Арсенал, а сега ќе го зголеми интересот бидејќи се очекува да си замине Алексис Санчес.
Марез оваа сезона постигна десет гола и не играше како во минатата, кога беше еден од најзаслужните за шампионскиот трофеј на Англија и кога беше избран за најдобар фудбалер на Лигата.
Лестер е подготвен да го пушти, но не за цена пониска од 35 милиони евра.

Најнови вести