11.5.2017 Баерн без Мартинес до крајот на сезоната
Хави Мартинес, фудбалерот на Баерн Минхен, ќе го пропушти остатокот на сезоната поради фрактура на клучната коска, соопшти шампионот на Германија.
Овој дваесет и осумгодишен дефанзивен играч ја пропушти саботната победа на неговиот тим од 1-0 над Дармштад поради болест, но објавено е дека се повредил во неделата, додека пешачел на излет во планина во родната Шпанија.
На Мартинес му е извршена операција во вторникот и нема да игра во последните натпревари. Ова му е петта сезона во Баерн и за тоа време одигра 25 натпревари во Бундеслигата и постигна еден гол.
Тој беше стрелец во натпреварот од полуфиналето на Купот против Борусија Дортмунд, во кој неговиот тим изгуби со 3-2.
Германскиот шампион во последните две кола од шампионатот нема да може да смета на Мануел Нојер и на Свен Улрајх.