Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2017

Барса го продолжи договорот со Тер Штеген

Според пишувањата на каталонските медиуми, германскиот чувар на мрежата Марк-Андре тер Штеген го продолжи договорот со Барселона до 2022 година, со што шпекулациите за потенцијален трансфер во Манчестер сити се завршени.

Гвардиола не успеа да го доведе во неговиот тим, па се одлучи за другиот голман на Барселона – Кладуио Браво. Со оглед на тоа дека искусниот Чилеанец не ги задоволил очекувањата, „граѓаните“ ќе одат во потрага по нов голман.
За ништо да не препушти на случајноста и навреме да се обезбеди од потенцијален нов напад на првиот голман на клубот, Барселона со 25-годишниот чувар на мрежата го продолжи договорот на уште пет години, па на тој начин уште пред почетокот на преодниот рок ја затвори таа приказна.
Германецот во Барселона направи трансфер во 2014 година од Менхенгладбах, а по сезоната во која минутажата ја делеше со Клаудио Браво, во оваа бранеше стандардно и луѓето од „Камп ноу“ во него гледаат голман на долг рок, што и во новиот договор јасно се наведува.

 

Најнови вести