Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2017

Батшуаји погоди за трофејот – Челзи е шампион!

Екипата на Челзи ја освои шампионската титула на Англија на две кола пред крајот на Премиер лигата!

Пехарот на „сините“ во 37- мото коло им го донесе Миши Батшуаји со погодокот во 82-рата минута на гостувањето кај Вест Бромич албион 1-1 (0-0).
Тимот на Антонио Конте стигна до недостижни десет бодови предност во однос на Тотенхем, кој викендов го очекува дерби-натпреварот со Манчестер јунајтед на „Вајт харт лејн“.
Ова е шеста национална шампионска титула за момчињата од „Стемфорд бриџ“, а петта откако Роман Абрамович го презеде клубот во 2003 година. Во ерата на рускиот милијардер, Челзи освои вкупно 14 трофеи, вклучувајќи ја ги и Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Клупската светска шампионска титула на ФИФА.
Тимот од северниот дел на Лондон целосно заслужено дојде до втората титула во последните три сезони, бидејќи од 11-ти декември минатата година беше на првото место на табелата
Од друга страна, одличниот италијански менаџер ја освои четвртата титула во низа, прва во Англија, по трите последователни со Јувентус.
Во тековната сезона, Антонио Конте од екипата направи вистинска машинерија, која доби 28 од 36 одиграни натпревари. Челзи е најефикасен тим во Лигата и ја има втората најдобра одбрана.

Најнови вести