Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2017

Осум кандидати: Кој е играч на сезоната во Премиер лигата?

Премиер лигата ги соопшти имињата на кандидатите за титулата најдобар фудбалер во сезоната 2016/17. Во најтесен избор се осум играчи, по тројца од Челзи и од Тотенхем и по еден од Арсенал и од Евертон.

За титулата најдобар играч конкурираат: Деле Али (Тотенхем), Сесар Аспиликуета (Челзи), Хари Кејн (Тотенхем), Еден Азар (Челзи), Н’голо Канте (Челзи), Ромелу Лукаку (Евертон), Алексис Санчес (Арсенал) и Јан Вертонген (Тотенхем).
Во конкуренција за најдобар менаџер се: Пол Клемент (Свонси), Антонио Конте (Челзи), Шон Дајш (Барнли), Еди Хау (Борнмут), Маурисио Покетино (Тотенхем) и Тони Пулис (Вест Бромич албион).
Челзи на две кола пред крајот на првенството ја обезбеди шампионската титула, а вечерва на „Стемфорд бриџ“ ќе игра со Ватфорд.

Најнови вести