Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2017

Манџукиќ неизвесен за финалето на Купот на Италија

Марио Манџукиќ, напаѓачот на Јувентус, е неизвесен за финалето на Купот на Италија против Лацио кое се игра утре.

Хрватскиот репрезентативец има проблем со долниот дел на грбот, по ударот кој го заработи во поразот на Јувентус на гостувањето кај Рома (3-1) изминатиот викенд.
Манџукиќ оваа сезона стана еден од клучните играчи на Масимилијано Алегри како лево крило во формацијата 4-2-3-1.
Поранешниот напаѓач на Марсонија, Загреб, Динамо, Волфсбург, Баерн и Атлетико постигна девет погодоци на 46 натпревари во тековната сезона.
Јувентус на две кола пред крајот на Серија А има четири бода повеќе од Рома, а на трети јуни го игра финалето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид во Кардиф.

Најнови вести