Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2017

Играч на годината во Франција – Единсон Кавани

Заслужено или не, во Лига 1 одлучиле играч на годината во Франција да биде Уругваецот.

Лига 1 го доби новиот шампион, тоа е Монако, но освојувач на наградата за најдобар фудбалер во сезоната е фудбалер на ПСЖ.
Станува збор за Единсон Кавани, фудбалерот кој оваа сезона одигра можеби и најдобро досега во кариерата. Постигна 35 голови, а ако успее да постигне хет-трик во последното коло против Каен, 30-годишниот Уругваец ќе го изедначи рекордот на Златан Ибрахимовиќ.
„Статистички, ова е мојата најдобра сезона, но за мене најубав резултат е подигнувањето на трофејот“, изјави Единсон Кавани по доделувањето на наградата.
Леонардо Жардим е најдобар тренер, а најдобар млад играч е Килијан Мбапе.
Наградата за најдобар голман оди во рацете на Хрватот Даниел Субашиќ.

 

Најнови вести