Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2017

Милан испратил богата понуда за Белоти

Фудбалскиот клуб Милан подготвен е на големи чекори за да го доведе Андреа Белоти, најдобриот фудбалер на Торино.

Торино во новиот договор стави клаузула според која Белоти ќе може да го напушти клубот само во случај ако некој плати оштета од сто милиони евра.
Милан не е во состојба да плати толку пари, но луѓето од управата смислиле решение како да го остварат трансферот.
„Росонерите“ се подготвени да понудат 60 милиони евра и плус некој од нивните играчи, коишто му се допаѓаат на Синиша Михајловиќ, тренерот на Торино.
Тука се мисли на некои играчи кои Михајловиќ ги тренираше во Милан, како што се: Јурај Куцка, Андреа Поли и Мамаду Нијанг.

 

Најнови вести