17.5.2017 Роуз опериран, во тимот дури во новата сезона
На Дени Роуз, левиот бек на Тотенхем, му е извршена операција на коленото и нема да може да му биде на располагање на менаџерот Маурисио Покетино до почетокот на наредната сезона во Премиер лигата.
Дефанзивниот играч на „петлите“ го скина медијалниот лигамент на коленото во јануари, на натпреварот против Сандерленд, и оттогаш веќе нема играно.
Роуз подоцна се врати на тренинзите, но овој месец беше утврдено дека неговата повреда не е залечена. Поради тоа му беше извршен оперативен зафат и во тимот ќе се врати дури на почетокот на наредната сезона.
Дени Роуз сезонава за Тотенхем одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, а постигна два гола.