Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2017

Реал без четворица играчи во првиот од двата финални дуели за титулата

Реал Мадрид има тешка недела пред себе, но ќе биде ослабен. Доколку во преостанатите два натпревари освојат четири бода, фудбалерите на Реал Мадрид ќе ја освојат титулата во Примера лигата по пет години.

Реал денес гостува кај Селта во преостанатата средба уште од февруари, а потоа во недела оди во Малага во последното коло.
Зинедин Зидан има дополнителни проблеми пред дуелот во Виго бидејќи на листата на повредени играчи е и Џејмс Родригес.
Колумбиецот им се придружи на тројцата играчи кои се надвор од редовите од претходно, а тоа се: Карвахал, Пепе и Бејл.
Барселона и Реал имаат еднаков број бодови и ако така остане во последните две кола, Каталонците ќе бидат шампиони поради подобрата меѓусебна средба.
За тоа им е потребен еден пораз или две ремија на Реал, секако, со нивна победа против Еибар во последното коло.
Натпреварот меѓу Селта и Реал Мадрид на програмата е вечерва, од 21 часот.

 

Најнови вести