Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2017

Сити убедлив против Вест Бромич, се збогува Забалета

Фудбалерите на Манчестер сити се приближија до Лигата на шампионите следната година со победата над Вест Бромич албион од 3-1, а Пабло Забалета го одигра последниот натпревар.

Тој во Манчестер сити дојде пред девет години и на крајот на оваа сезона ќе си замине од клубот. Во Англија има понуда од Вест хем, но неизвесно е дали ќе ја прифати.
Арсенал во вториот натпревар го победи отпишаниот Сандерленд со 2-0 и се приближи до Ливерпул со заостанување од само еден бод.
„Граѓаните“ целиот натпревар против вест Бромич албион го одиграа мотивирано и убедливо. Концентрацијата попушти само на крајот, кога Робсон-Кану им даде гол во 87-мата минута. Со победата моментно го презедоа третото место од Ливерпул и сега имаат 75 бодови на табелата на Премиер лигата.
Арсенал се намачи во првиот дел од играта против Сандерленд. И покрај нападите и добрите шанси на Жиру и Белерин не дојдоа до предност. Шанси имаше и Сандерленд со обидите на Дидие Н’Донг и Џеремјн Дефо.
„Топчиите“ се во променлива форма во текот на целата сезона. Се наоѓаат на петтото место, кое води во Лигата на Европа, а до крајот ќе се обидат да дојдат макар до четвртото и до квалификациите за Лигата на шампионите.
Можат да освојат 75 бодови, односно девет бода повеќе од Сити минатата година, кога „граѓаните“ беа четврти и играа во Лигата на шампионите. Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, пред натпреварот со Сандерленд изјави дека тимот ја плаќа цената за сопствената неконстантност во текот на сезоната.

 

Најнови вести