Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2017

Јувентус го одбрани Купот на Италија

Фудбалерите на Јувентус го совладаа Лацио со 2-0 на „Олимпико“ и го освоија Купот на Италија за сезоната 2016/17.

„Старата дама“ со погодоците на Дани Алвес и Леонардо Бонучи го одбрани трофејот во Купот.
Ова на Јувентус му е 12-ти Куп на Италија во историјата, како и прв од можните три трофеи во оваа сезона.
„Старата дама“ има четири бода повеќе од Рома на две кола пред крајот на Серија А, а на трети јуни ќе игра во финалето на Лигата на шампионите со Јувентус.
Во многу отворениот натпревар во Рим и домаќинот имаше доста шанси за гол, но Кејта, Имобиле, Милинковиќ-Савиќ и Андерсон не успеаја да го совладаат Бразилецот Нето.
Јувентус поведе во 12-тата минута со погодокот на Алвес во левата страна на голот по додавањето на Сандро, а Бонучи ја удвои предноста уште во 24-тата минута по новиот центаршут на Сандро.

Најнови вести