Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2017

Пелистер преку пенали до Купот на Македонија

Битолскиот фудбалски клуб Пелистер е новиот освојувач трофејот на Купот на Македонија.

Финалето на Купот на Македонија се одигра вчера попладнето на стадионот „Младост“ во Струмица, а екипата на Пелистер ја совлада Шкендија од Тетово со 4-3 по подоброто изведување на пеналите.
Во текот на регуларните 90 минути, кои беа прекинати поради неспортско навивање, и во дополнителните 30 минути од натпреварот и двете екипи не постигнаа голови, иако Пелистер имаа неколку изгледни шанси.
Потоа следуваше серија пенали, во која Шкендија не реализира два удари, а битолчани еден, а резултатот од 4-3 го постави Баже Илиоски во петтиот круг.
За Пелистер ова е втор трофеј во Купот на Македонија, првиот го освои пред 16 години, кога во финалето во 2001 година ја победи Слога Југомагнат со резултат 2-1.
Со триумфот во националниот куп, Пелистер обезбеди место во квалификациите за Лигата на Европа, каде што ќе игра и Шкендија, како и екипата која ќе се пласира на третото место во шампионатот, за кое се борат Работнички и Ренова, а Вардар ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

 

Најнови вести