Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2017

Раниери ќе го преземе Ватфорд?

Клаудио Раниери, неодамнешниот менаџер на Лестер, наскоро би можело да добие нов ангажман.

Валтер Мацари објави дека веќе не е менаџер на Ватфорд, а клубот му се заблагодари со кратко соопштение.
Ниту клубот ниту тренерот не ја открија причината за разделбата, но во некои англиски медиуми се појавија информации дека до разделбата дошло бидејќи Мацари не го совладал англискиот јазик, што им сметало на играчите, па се побуниле кај сопствениците на клубот, фамилијата Поцо.
Главен кандидат да го замени Мацари е неговиот сонародник Клаудио Раниери, кој до неодамна работеше како менаџер на Лестер, со кого минатата година направи историски успех освојувајќи ја титулата во Премиер лигата.
Раниери по ангажманот во Лестер, имаше бројни финансиски одлични понуди од Кина, но не сакаше да прифати ниедна бидејќи очекуваше адекватна понуда од Англија, а се чини дека Ватфорд би бил идеална средина за него.

Најнови вести