Корисничко име Лозинка Пријави се
20.5.2017

Усманов нуди милијарда фунти за да го откупи Арсенал

Рускиот бизнисмен Алишер Усуманов, член на управниот одбор на Арсенал, понудил милијарда фунти за да го откупи поголемиот пакет акции на овој лондонски клуб.

Алишер Усуманов во негова сопственост има 30 отсто од акциите на Арсенал, а преку компанијата „Ред енд вајт холдингс“ понудил милијарда фунти за да ги откупи дополнителните 67 отсто од акциите, кои сега се во сопственост на Стен Кроенке.
Како што пренесуваат британските медиуми, Усуманов сака да ги откупи сите акции на Кроенке, но, исто така, се очекува Американецот да ја одбие понудата.
Од 2007 година, кога стана акционер во Арсенал со 14,7 отсто од акциите на клубот, Усуманов до денес дојде до 30 отсто сопственост над клубот, откако го откупи делот на Фархад Мошири минатата година.
Усуманов е еден од оние коишто го поддржуваат Арсен Венгер, а во тоа не се согласува Кроенке.
Неодамна за британските медиуми изјави дека не верува дека би требало за сите неуспеси да се обвини само менаџерот, туку дека најголемиот акционер носи најголема одговорност, па со тоа практично за проблемите го обвини Кроенке.

 

Најнови вести