Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2017

Откриени детали, Барселона има многу доверба во новиот тренер

Каталонските медиуми денес пренесоа ексклузивни вести. Ернесто Валверде наредниот понеделник и официјално ќе биде именуван за нов тренер на Барселона, потврди „Мундо депортиво“.

Овој каталонски весник исто така откри дека Валверде ќе потпише договор на три години, но според системот 2+1, односно со можност за продолжување на соработката по две сезони.
Валверде со работа ќе почне на први јули, ќе има доволно време да направи план и програма за летните подготовки и да формира нова, засилена екипа за наредната сезона.
Валверде со себе во клубот ќе доведе уште двајца негови луѓе од доверба – помошниот тренер Жон Асијасу и кондицискиот Хосе Антонио Посанка.
Новиот тренер во понеделник ќе им се обрати на медиумите, а потоа следува одмор до стартот на летните подготовки кои се закажани за средината на јули.
Валверде ќе дебитира во пријателскиот натпревар со Јувентус ,на 22-ри јули во Њу Џерси, а потоа Барса ја очекуваат уште две интересни средби, со Манчестер јунајтед (26-ти јули) и со Реал Мадрид (29-ти јули) на Интернационалниот куп на шампионите, кој сега веќе традиционално се игра во рамките на подготовките на големите клубови пред стартот на сезоната.
Валверде веќе бара и куќа во Барселона, како и училиште во кое ќе одат неговите деца.
Барселона ќе му укаже голема доверба на Валверде, договор на три години, така што новата ера може да почне.

Најнови вести