Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2017

Харт: Торино, си заминувам

Англискиот голман Џо Харт изјави дека ќе го напушти Торино, каде што играше на заем од Манчестер сити.

Харт (29) на почетокот на сезоната го изгуби местото во тимот на Сити, откако дојде менаџерот Хосеп Гвардиола, и отиде во Торино.
Синиша Михајловиќ, тренерот на „биковите“, минатиот месец изјави дека би сакал да го задржи Харт во тимот, но дека клубот нема пари за тоа.
„Благодарам, Торино, горд сум што играв за вашиот посебен фудбалски клуб. Ќе се вратам еден ден, сега се поздравувам со вас, уживајте во летото. Никогаш нема да заборавиме како ме прифативте мене и моето семејство“, изјави Харт на социјалните мрежи.
„Засекогаш ќе навивам за Торино. Запознав многу посебни луѓе и ова беше едно од најубавите искуства во мојот живот“, додаде тој.
Торино ја заврши сезоната на деветтото место на табелата, а во последниот првенствен натпревар го победи Сасуоло со 5-3.
Харт изјави дека е вишок во Манчестер и дека очекува дека налето ќе го напушти клубот, и покрај тоа што договорот му истекува за две години.
Тој одигра 68 натпревари за репрезентацијата на Англија, а за него беа заинтересирани бројни европски клубови.
Урбано Каиро, претседателот на Торино, на почетокот на месецот изјави дека не очекувал толку грешки на голот од Џо Харт.

Најнови вести