Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2017

Спалети ја напушти Рома, се чека промоцијата во Интер

Лучијано Спалети ја напушти клупата на Рома, објавено е на интернет-страницата на клубот.

Спалети си оди од Рома по второто место на табелата во Серија А, веднаш зад шесткратниот последователен шампион Јувентус.
Нему по завршувањето на сезоната му истече договорот и не сакаше да го продолжи, а се шпекулира дека тоа е поради понудата на Интер.
Вториот мандат на Спалети на „Олимпико“ траеше 17 месеци, а претходно тој тим го водеше од 2005 до 2009 година.
Џејмс Палота, претседателот на римскиот клуб, му се заблагодари на Спалети за рекордниот број бодови и постигнати голови во историјата на Рома во штотуку завршената сезона.
„Би сакале да му се заблагодариме на Спалети за вредната работа и придонесот откако дојде. Рома под негово водство оваа сезона освои повеќе бодови во Серија А и постигна повеќе голови од кога било. Му посакуваме сè најдобро“, се наведува во соопштението на Рома.
Наследник на Спалети би требало да биде Еузебио ди Франческо, некогашниот играч на Рома, а сега тренер на Сасуоло.

 

Најнови вести